А била толку сигурна во себе: Катастрофален дебакл на Меган Маркл!

Сакала да заблеска

Војвотката облекла два броја помал фустан

Војвотката Меган Маркл синоќа во придружба на сопругот принцот Хари првпат прошетала по црвениот тепих на филмска премиера откако станала член на британското кралско семејство.

Поранешната актерка едвај дочекала барем на кратко да прошета на патеката од својот стар живот и не е ни чудно што сакала да заблеска во полн сјај.

Но, од преголема желба да остави добар впечаток, Меган направила тотална утка. Нејзиниот црн кожен фустан со ракави од тил бил потполна утка, со оглед на тоа што бројот очигледно одговарал на фигурата на војвотката пред бременоста.

Фустанот со потпис на Џејсон Ву бил најмалку 2 броја помал, со голед на тоа што јасно се гледало дека војвотката има вишок на градите, но и на стомакот.

Со црната тоалета Меган ги облекла омилените потпетиците Аквазура, кои и претходно ги имаме гледано на неа, и понела плико-чанта од познатиот бренд Гучи.

Што мислите вие за оваа комбинација на Меган Маркл?

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.