3 најгрди модели на обувки што ниедна жена не треба да ги носи!

Потполно непрактични и бесмислени!

За кој сезона се направени чизмите со отворени прсти?

Во секој момент може да прочитате што треба да носите оваа сезона, што е во тренд, што е убаво, што е модерно, но сега ќе го разгледаме она што воопшто не изгледа убаво, иако можеби чини вистинско мало богатство.

Ви ги претставуваме трите најгрди модели на обувки, од кои некои се популарни само затоа што ги потпишуваат креатори познати по четирицифрените цени во долари!

1. Балетанки

https://www.instagram.com/p/Bu-wvuiDTOA/?utm_source=ig_embed

Ретки се моделите на балетанки во кои женското стапало изгледа убаво и привлечно. Освен тоа, овој модел на обувки е исклучително рамен, што не е препорачливо, поради здравјето на коските на стапалата, ногата и половината.

Ако не обожавате потпетици, подобро одлучете се за квалитетни оксфордки или удобни мокасини.

Чизми со отворени прсти

https://www.instagram.com/p/Bu8GLzFAnPu/?utm_source=ig_embed

Никој не може да одговори за која сезона е наменет овој модел на обувки. Најточниот одговор е, можеби, за ниедна! Преку лето е топло за нив, а во текот на пролетта, есента и зимата е ладно! Слично е и со летните чизми, кои исто така важат за потполно бесмислено и непрактично парче.

https://www.instagram.com/p/BsV0d08A3c4/?utm_source=ig_embed

За прелазниот период одличен избор се добрите чизмички до глуждови и класичните салонки.

3. Грди патики

https://www.instagram.com/p/BuyebtWBRCt/?utm_source=ig_embed

Кога Balensijaga го покажаа првиот модел на исклучително гломазни патики кои потсетуваат на ортопедски чевли, блогерките и помалку познатите личности потполно полудеа по нив. Зошто е тоа така, навистина не разбираме.

Исто е и со популарните „чорапи-патики“. Освен тоа, дали некогаш сте виделе вистинска модерна дама, како што се Моника Белучи и Џулија Робертс, да носат вакви обувки?

https://www.instagram.com/p/BulVskJA1RM/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.