19 години подоцна: Џенифер Лопез прошета во легедарниот фустан и стана ТЕМА НА ДЕНОТ (ВИДЕО)

За латино дивата, пејачката и актерката Џенифер Лопез, ова е дефинитивно една од најуспешните  години, што приватно, што на деловно поле, и таман кога сите помислија дека нема со што да не изненади оваа дама, која е прогласена за модна икона на годината од страна на советот на модни дизајнери во Америка, синоќа повторно не изненади чекорејќи на модната недела во Милано во истиот фустан 19 години подоцна.   

Таа го носеше на доделувањето на Греми наградите во февруари 2000 година и „Версаче“ му оддаде почит на тој момент на својата ревија за време на Модната недела во Милано. Педесетгодишната американска пејачка и актерка се прошета на пистата во модерната верзија на легендарниот зелен фустан и оваа снимка беше видена повеќе од два милиона пати на социјалните мрежи. Малку познат факт е дека Џенифер Лопез го инспирирала креирањето на алатката Гугл имиџис (Google Images).

ФОТО: Guliver Getty

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време