Mинималистички комфор и доза на футуризам – Ви ја претставуваме спортско-гламурозната линија „Terziya movement“

Урбани и едноставни модели наменети за сите

Деновиве домашната јавност имаше можност да ја види новата линија за спортска облека на талентирана Наталија Терзијоска која што го носи името „Terziya movement“. Истата наиде на доста позитивни коментари и реакции, па тоа беше и повод за да поразговаме со младата дизајнерка и да ја прашаме нешто повеќе околу линијата, но и она што можеме да го очекуваме во иднина.

Во рамки на последното издание на Модниот викенд во Скопје ја претстави својата прва спортско-гламурозната линија „Terziya movement“, проткаена со минималистички комфор и доза на футуризам.Од каде инспирацијата за моделите?

Инспирацијата за создавање спорт-глам колекција ми дојде најпрво откако почнав редовно да вежбам јога, бидејќи сфатив дека на нашиот пазар не постои бренд кој изработува едноставни, а квалитетна и удобнa облека за вежбање која воедно има достапни цени.

Имавме можност да видиме 15 модели, со какви материјали работеше?

Материјалите од кои е изработена колекцијата се корејски. Голем дел од парчињата се изработени од висококвалитетен спандекс кој при физичка активност дозволува кожата да дише. Карактеристично за хеланките и бициклистичките од колекцијата е тоа што не го покажуваат целулитот и останатите недостатоци на телото бидејќи имаат мат ефект. Останатите парчиња се изработени од памук и кашмир.

За кого е наменета оваа линија и каде можат да се најдат овие модели?

Оваа модна линија е наменета буквално за секој. Тоа беше и идејата. Нема возрастна граница, не е наменета само за витки и високи девојки, има и нешто и за мажи па и за деца… Моделите се урбани, едноставни и се адаптираат на секаков повод, може да се носат за вежбање, низ град, по дома па дел од горните варијанти совршено би се вклопиле во изглед за вечерно излегување. Целата линија од наредната недела ќе биде достапна online и во продавницата Luxantica во ГТЦ на прв кат.

Освен оваа спортско – гламурозна линија , се продава и накит под името „Terziya“, а летово имаше и линија на костими за капење. Што следува после „Terziya movement“?

Terziya накитот не го дизајнирам јас лично, ниту го изработувам, само се продава под мојот бренд. Сите парчиња од накитот се изработени во Сао Паоло- Бразил од галванизирано злато и природни камења. Се одлучив да ги донесам во Скопје поради тоа што ваква техника на изработка се уште не постои кај нас, а изгледа фантастично

Костимите за капење ми се вистинска пасија, токму поради тоа уште пред да застуди новите костими за капење се во фаза на изработка, ќе бидат достапни кон крајот на оваа пролет. Покрај новите костими за капење на пролет ќе ја лансирам и новaта колекција од линијата Terzya movement.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.