Меланија Трамп – Весело пинк издание за средба со важни гости
Повторно воодушеви со изгледот
Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае Ин и неговата сопруга допатуваа во САД, а прво ја посетија Белата куќа каде ги пречекаа домаќините, американската прва дама Меланија Трамп и претседателот Доналд Трамп.
Брачните парови позирале за службените фотографи, што е и вообичаено во вакви високополитички протоколи.
Убавата Словенка за оваа прилика избрала капут од модната куќа Луи Витон во неонска пинк нијанса, а веселата боја ја смирила со црн појас околу струкот и лаковани салонки во иста боја.