Жена-божица: Вака се носи најмодерното парче облека во 50-тите години!

Недела на модата во Париз!

Прекрасната нијанса на црвена боја совршено го нагласила нејзиниот аристократски тен

Занесната италијанска актерка Моника Белучи се појавила на ревијата на модната куќа „Диор“ на модната недела во Париз.

За оваа прилика, одлучила да ја истакне феноменалната фигура со помош долг капут-фустан со потпис на „Диор“.

Прекрасната нијанса на црвена боја совршено го нагласила нејзиниот аристократски тен и направила контраст со црната коса на актерската дива, а дискретниот ремен во иста боја го истакнал витиот струк на Моника.

Фустанот го усогласила со едноставни црни кожени чизми на потпетици и црна чанта, исто така со потпис на „Диор“.

Прекрасната брановидна коса ја додала онаа доза гламур на која сме навикнати кога е Моника во прашање, а целата комбинација ја заокружила со модерни очила за сонце.

Со ова појавување, Моника повторно им одржала модна лекција на дамите во 50-тите години од животот и покажала како треба да се носат годините со стил!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.