За дејтот со принцот, Кејт Мидлтон го повтори аутфитот, само што овој пат изгледаше уште поубаво! (ФОТО)

Смарагден изглед

Војвотката и војводата од Кембриџ неодамна присуствуваа на Royal Variety Performance, кралски настан што се одржа во Royal Albert Hall.

За оваа пригода, Кејт Мидлтон го продолжи трендот на спектакуларни изгледи на црвениот тепих, појавувајќи се во светкав смарагдно-зелен фустан со потпис на Џени Пакам – лондонска дизајнерка многу популарна меѓу кралското семејство.

Од модни додатоци, војвотката носеше блескаво-зелена клач чанта и златни обетки Misoma во форма на вентилатор, додека целиот монохроматски изглед го заокружи со зелени потпетици со потпис на друг англиски бренд Ејми Лондон.

kejt gr (2).jpgЛабавите кадрици ги префрли преку рамениците, собрани на едната страна, додека шминката, како и обично, беше во кралски неутрални тонови.

Вилијам целосно со стил ја придружуваше својата дама, повторно облечена во кадифен костум украсен со детаљ во форма на панделка – апсолутно кнежевски.

kejt gr (3).jpgКејт е позната по „рециклирањето“ на своите стајлинзи, а овој пат го облече истиот фустан во кој беше видена во 2019 година на кралската турнеја низ Пакистан.

kejt gr (5).jpg

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.