Вртоглаво скап стајлинг на Меланија Трамп: Кога нешто ќе и’ се допадне, не прашува колку чини!

Не ги жали парите

Меланија не штеди кога станува збор за мода

Позната е како дама со беспрекорен стил, а за да ги следи сите трендови, таа издвојува сума на пари од која најверојатно би ви се завртело во глава.

За последното нејзино појавување, првата дама морала да издвои околу 7.000 евра.

Меланија била фотографирана кога со 13-годишниот син и сопругот се враќала од новогодишното патување на Флорида. Овој пат одбрала монохроматски стил и заблескала во бела боја.

https://www.instagram.com/p/B6_ony_gyJB/

Изгледа дека доста време поминува во смислување на стајлинзи, па ретко можеме да ја видиме повеќе пати во исто парче облека.

Во бел тесен фустан и чизми во истата боја собрала само позитивни коментари. Стајлингот го зачинила со капут со геометриски шари, а шминката и фризурата и овој пат и’ биле за чиста десетка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.