Времето поминува, а Наоми Кембел и во 49-та година доминира во проѕирен фустан (ФОТО)
Ништо не и' може времето
Во понеделник вечерта во Ројал Алберт Хол во Лондон се одржа доделувањето на престижните награди British Fashion, а оваа манифестација традиционално ги собра најголемите имиња од светот на модата и филмот.
Во морето на совршено дотерани славни личности, најголемо внимание привлече Наоми Кембел, докажувајќи дека времето ништо не и’ може. Популарната бивша манекенка блесна во прекрасен проѕирен фустан, кој совршено и’ прилегаше на нејзината фигура.
Фото: Инстаграм