Враќање на 1970-тите: Панталоните што Викторија Бекам и Георгина Родригез ги обожаваат (ФОТО)

Повторно актуелни на модната сцена

Ѕвонарките или ги обожавате или ги заобиколувате во широк лак, а бидејќи ја истакнува женственоста, овој тренд од 1970-тите години повторно е во мода.

Свршеницата на популарниот фудбалер Кристијано Роналдо обожава да носи ѕвонарки. Георгина Родригез често ги избира за свечени пригоди, а ги има речиси во сите бои.

 

 

View this post on Instagram

 

About last night❤️❤️

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on


Нејзиното најново модно издание покажува како искомбинирала тексас-јакна со ѕвонарки и со црна ролка. Оваа едноставна комбинација на 24-годишната моделка изгледа навистина впечатливо, а детаљот што и’ дава посебен печат е црниот ремен преку тексас-јакната.

 

Ѕвонарките и’ се омилено парче облека и на популарната дизајнерка Викторија Бекам, па често ги носи, а за неа е карактеристично тоа што сите панталони што ги избира се доволно долги да и’ ги прекријат чевлите.

 

Како што самата потенцира, овој трик придонесува нозете да и’ изгледаат визуелно подолги.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.