Водечки трендови: Топ 5 модели на фустани што мора да ги имате оваа сезона

Удобно, прекрасно и во тренд

ФОТО: Pixabay

Летото е незамисливо без разиграни фустани и здолништа

Во продолжение ви прикажуваме топ 5 модели на фустани што ги воодушевија инстаграм-инфлуенсерките и што ова лето ќе ги гледате насекаде, како на социјалните мрежи, така и на улиците.

Припиено

https://www.instagram.com/p/Bye6ireBqbw/?utm_source=ig_embed

Ја обележаа модата во 90-тите, а пред неколку години повторно станаа хит. Личат на ноќници и оддишуваат со елеганција, но и сексапил, па затоа се одличен избор за разни прилики.

Фустан со цветови

https://www.instagram.com/p/BzfGxZKh-1c/?utm_source=ig_embed

Романтични и ретро, миди-фустаните со цветови кои се подолги во предниот дел се еден од водечките трендови летово и важат за универзални фустани што им ласкаат на сите фигури.

Комбинирани принтови

https://www.instagram.com/p/By-aKYBohFb/?utm_source=ig_embed

Фустаните што го кршат застареното правило за комбинирањето различни принтови исто така станаа хит пред неколку сезони, а нивниот разигран изглед ги прави совршен избор за летово.

Фустани со точки

https://www.instagram.com/p/BzGSl8FCloR/?utm_source=ig_embed

Иако минатото лето беа голем хит, фустаните со точки никогаш не излегуваат од мода, па така ни оваа сезона и секогаш гарантираат комплименти.

Животински принтови

https://www.instagram.com/p/BysxBOugGdh/?utm_source=ig_embed

Она што минатото лето беа фустаните со точки, ова лето се моделите со животински дезен. Најпопуларни се леопардските и змиските, но нема да погрешите ни со кој било друг животински принт.

ФОТО: Pixabay, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.