Едноделните костими за капење се хит ова лето – совршени се за секоја фигура
Ова лето, едноделните модели на костими за капење се најмоќниот моден израз на плажа.
Од софистицирани ретро-модело со високи изрези кои визуелно ги издолжуваат нозете, па сѐ до дискретни, минималистички силуети, овие костими ги освоија светските модни писти, но и најгламурозните летни дестинации ширум светот.
Тајната на нивната голема популарност се крие во идеалниот баланс меѓу удобноста и сексапилот. Освен што овозможуваат максимална слобода на движење и сигурност, тие се совршен избор за сите активности на песок, како одбојка или сурфање. Но еднакво се неодоливи и кога само сакате да се излежувате на лежалка и да изгледате шик.

Популарните брендови во едноделните костими најдоа идеална подлога за експериментирање со дизајнот: асиметрични линии, атрактивни прорези на струкот, длабоки деколтеа и ефектни ленти за врзување, благодарение на кои ова парче стана апсолутен моден императив.
Она што го издвојува овој костим за капење од сите други е неговата неверојатна практичност, која ги надминува рамките на плажата и базенот. Жените брзо сфатија дека квалитетниот едноделен модел преку ден можат да го носат наместо боди или обичен топ.

Исклучително привлечно изгледа кога ќе го искомбинирате со предимензионирани ленени кошули, лелеави панталони со широки ногавици, шешири со голем обод и елегантни рамни сандали. Во такви комбинации, директно од плажа можете да продолжите на ручек во ресторан или на опуштена попладневна прошетка низ градот.
Токму поради тие повеќенаменски улоги, вложувањето во добар едноделен костим за капење претставува паметна инвестиција, која лесно се приспособува на различни стилови и пригоди. Затоа, доколку сакате ова лето да зрачите со самодоверба, отменост и модерен стил, едноставниот, но впечатлив едноделен костим за капење ќе ви биде најдобриот сојузник на плажа.
ФОТО: Freepik, Unsplash