Во тренд: Зошто сакаме „бавна“ мода?

Плаќаме двапати поскапо, но и носиме многу подолго!

Бавна мода се фармерките на нашите мајки, кои ги носеа пет години, а ние ги најдовме во кутија и ги носевме уште пет. Тоа се парчиња облека произведени побавно и од квалитетни ткаенини, платени двапати поскапо, но и носени многу подолго.

Cuyana

Сигурно се прашувате: „Добро, зошто да платам повеќе за една маица и да ја носам неколку години кога можам за истите пари да купам неколку различни и да ги менувам?“

ОК, доколку сте фокусирани на моменталните задоволства и на што е можно поголем број комбинации, бавната мода веројатно и нема смисла за вас. Меѓутоа, штом ќе сфатите дека бавната мода значи и побавно производство, подобро платена работна сила, помалку загадена животна средина, помалку време потрошено за размислување што да облечете и помалку пари потрошени за комплетната гардероба, бавната мода почнува да добива смисла, нели?

Правата на работниците што се занимаваат со производство на ваквите парчиња облека се почитуваат и сите се фер и чесно платени. Токму затоа филозофијата на бавната мода е создавање облека што еден ден ќе ја носи и вашата ќерка – и тоа со задоволство!

Текст: Убавина и здравје

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.