Во тренд: Есенски парчиња што совршено им стојат на дамите со занесни облини!

Модна лекција

Овие парчиња се како создадени за дамите со раскошни облини

Овие 5 есенски трендови совршено ќе им стојат на жените со облини и по некој килограм вишок. Тие ќе го нагласат раскошното тело на вистинските места, но и визуелно ќе го издолжат за да биде фигурата апсолутно совршена.

Фустан во бохо стил со цветен дезен

https://www.instagram.com/p/BWmm76aldGT/?utm_source=ig_embed

Разиграните фустани се апсолутен хит претстојнава сезона, како и цветниот дезен. Овој модел ќе и’ ласка на полната фигура, создавајќи заводлива силуета. Доколку одберете долг фустан, тој ќе ја издолжи фигурата, додека моделот што се врзува околу половината, визуелно ќе го истанчи овој дел.

Мантили

https://www.instagram.com/p/BYXnIbyD2X0/?utm_source=ig_embed

Одлично ќе ви стојат мантили во пастелни, посветли бои. Одлучете се за оние од лесен, свиленкав материјал, наместо за оние со крут материјал, кои само ќе ви ја прошират фигурата. Ако сакате да изгледате повитко, одберете подолг модел.

Црни панталони со широки ногавици

https://www.instagram.com/p/BZBjrz7F9_F/?utm_source=ig_embed

Класичните црни панталони што ја следат силуетата на телото истовремено ги нагласуваат облини, но и му даваат доза елеганција на изгледот. Уште подобра вест е тоа дека се вратија во мода панталоните со широки ногавици! Додека тие нежно се виорат при одењето, бутовите и задникот автоматски изгледаат послабо.

Сако со кариран дезен

https://www.instagram.com/p/BZO-ZncAJgE/?utm_source=ig_embed

Овој тренд беше задолжителен во текот на 90-тите години на минатиот век, а оваа сезона повторно се враќа на модната сцена и одлично им стои на дамите со облини.

Тренерка-панталони

https://www.instagram.com/p/BYyf1Xfjqge/?utm_source=ig_embed

Спортската облека не е резервирана само за во вежбалница, туку стана составен дел од урбаните модни комбинации. Оваа година се носат оние од блескав материјал, со линија од страните, во интензивни бои. Во комбинација со високи потпетици и бела кошула се полн погодок.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.