Во крзно среде лето: Марис Џолин покажа како изгледа уличната мода во Стокхолм

Модна инспирација

Како ви се допаѓа нејзиниот стајлинг?

Нашата инфлуенсерка Марис Џолин веќе некое време живее во Стокхолм. Во едно претходно интервју ни откри дека уличната мода таму претежно е ориентирана околу неутралните бои и монохроматските комбинации, па на почетокот се чувствувала како премногу да отскокнува со својот колоритен и еклектичен стил на облекување.

Денес, на социјалните мрежи сподели една токму таква комбинација, која на прв поглед на многумина ќе им изгледа чудно бидејќи сè уште е лето, но со оглед на тоа што во Шведска температурите се многу пониски, ние би рекле дека изборот на Марис е сосема оправдан.

Имено, ѕвездата на стајлингот на нашата инфлуенсерка е интензивно син крзнен шал, кој го искомбинирала со предимензионирано сако, ѕвонести фармерки со висок струк, крзнена бордо чанта и патики во истата боја како чантата. Целата комбинација ја надополнила и со интересни очила за сонце со синџирче.

Се чини дека Марис секогаш успева да најде начин да внесе малку боја во скандинавското секојдневје!

ФОТО: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе