Викторија Бекам покажа како треба да се облекува жена на прагот на 50-тата година: Облека што ѝ прилега на сечија телесна градба

Ви се допаѓаат нејзините модни предлози?

Стилот на Викторија Бекам остава без здив, а секое нејзино појавување во јавност претставува нова модна лекција за жените

Викторија Бекам е модна икона. Моментално привлекува погледи на модната недела во Париз. Секое нејзино појавување е будно следено од страна на папараците, но и јавноста, бидејќи сè што ќе облече таа, веднаш станува тренд.

Сепак, нејзиниот стил стана многу популарен поради неговата практичност и тоа што добро им прилега на речиси сите типови градба.

Се зборува дека Викторија Бекам денес има повеќе од 400 бутици ширум светот, а нејзините модели ги носат некои од најпопуларните актерки и манекенки.

Но убедливо најголемо внимание привлекува самата Викторија кога ќе се појави во некој од своите модели. Со само едно појавување, таа им одржува модна лекција на сите жени во светот, а ние сметаме дека вака треба да се облекува една жена на прагот на 50-тата година – шик, а практично!

Како ви се допаѓа стилот на Викторија Бекам?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.