Викторија Бекам одржала модна лекција: Вака се комбинираат зимски капут и салонки!

Одлична комбинација!

Викторија го заокружила стајлингот со големи очила за сонце и џемпер со линии

По музичката кариера со омилената женска група Spice Girls, Викторија Бекам стана една од најценетите британски дизајнерки чии креации ги обожаваат модните зависнички.

Викторија Бекам во секоја прилика изгледа како штотуку да се слегла од модната писта, а нејзините минималистички комбинации се секогаш трендовски.

Сопругата на Дејвид Бекам повторно докажала дека ги има совладано модните лекции со најдобри оценки!

Мајката на четири деца не поминала незабележано кај фотографите за време на слетување на њујоршкиот аеродром, каде што покажала како оваа по малку ризична комбинација изгледа фантастично на неа.

Прекрасниот капут во боја на влакно од камила со класичен крој од сопствениот бренд го искомбинирала со кожени панталони и необични бели потпетици, исто така со потпис на Викторија. Овој стајлинг го заокружила со големи очила за сонце и џемпер со линии.

Иако во последно време се пишувало дека бракот на Бекамови е во голема криза, дизајнерката неодамна изјавила дека ваквите текстови ја фрустрираат.

„Тоа знае да биде многу заморно. Затоа му го оставам тоа на мојот тим за односи со јавност. Не се плеткам во тоа. Мора да ги контролирате таквите работи, бидејќи луѓето веруваат во она што ќе го прочитаат. Фрустрира и тоа што многу од вестите се измислени“, изјавила Викторија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.