Вака се појавува вистинска аристократка на црвениот килим: Свилен фустан и дијаманти!

Шарлот Казираги

На познатите дами што последниве денови чекорат на црвениот килим во Кан им се придружила и убавата внука на холивудската дива Грејс Кели

Заедно со сопругот, филмскиот продуцент Димитриј Расам, 35-годишната Шарлот Казираги присуствувала на свечената премиера на филмот Brother and Sister во склоп на 75-тото издание на филмскиот фестивал во Кан.

За појавувањето на црвениот килим, внуката на Грејс Кели очекувано одбрала креација со потпис на модната куќа „Шанел“, за која последниве години настапува во улога на амбасадорка. Нејзиниот избор бил блескав, полноќно син фустан со халтер-околувратник од минатогодишната колекција на „Шанел“ за висока мода, за сезоната есен/зима, а особено се истакнувал детаљот со сјајниот украс на грбот, кој ги прицврстувал прерамките на фустанот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KEMBRICISTAN (@kembricistan)

Елегантниот печат на фустанот, што ѝ стоел совршено, го нагласила со класична фризура – пунџа со патец, а неа ја збогатила со пар дијамантски обетки.

Појавувањето на Шарлот Казираги и нејзиниот сопруг во Кан се случило пред нивната трета годишнина од бракот. Двојката во 2018 година го дочекала нивното прво заедничко дете, синот Балтазар, а убавата внука на Грејс Кели, исто така, е мајка и на синот Рафаел Елмалех од претходната врска со мароканскиот комичар, Гад Елмалех.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.