Вака се облекува жена која знае што е добар стил: На стајлингот на Шарлиз Терон никој не можел да му најде мана!

Одличен избор

Виолетовата боја дефинитивно совршено и’ стои!

Оваа сезона дизајнерите решиле да се поиграат со модата и постоечките шаблони да ги заменат со нови.

Иако за есента се карактеристични потемни и земјени нијанси, оваа сезона тоа не е случајот. Посветлите бои, како што е пастелно виолетовата, се прогласени за најдобар избор. Оделото во кое Шарлиз Терон се појавила на еден настан е голем тренд, а со изборот на боја направила полн погодок.

https://www.instagram.com/p/B5_BzVSAg1G/

Се чини дека од сите останати трендови, оделата најмногу ги освои дамите ширум светот, па затоа се многу чест избор. Од деловни настани, па се’ до црвениот тепих, секаде може да видите дами во одела.

Платинестата боја на косата во комбинација со овие виолетови тонови, одлично изгледа. Критичарите се едногласни: вака изгледа вистинска холивудска дива.

https://www.instagram.com/p/B5-_qa5BE3P/

Единствената замерка била упатена на изборот на боја на кошула. Да одберела модел во сива боја, стајлингот би бил за нијанса подобар.

Дали би отишле вака облечени на некој свечен настан?

https://www.instagram.com/p/B5-dvZ5HxHW/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.