Вака изгледа Амал Клуни кога патува: Розов фустан и влечки што чинат богатство – СОВРШЕНО!

Како ви се допаѓа?

Откако забележа имот што планира да го купи и не му е проблем да издвои 7 милиони фунти за него, Џорџ Клуни со приватен авион пристигна на југот на Франција за да започне со преговори

На патувањето ја понел својата убава сопруга, адвокатката Амал Клуни, која може и правно да го советува, но и долгогодишниот пријател и бизнис-партнер Ранди Гербер, сопругот на Синди Крафорд.

Папараците на југот на Франција се фатиле за работа кога добиле дојава дека на аеродромот во близина ќе пристигне холивудската двојка Амал и Џорџ Клуни. Сопружниците Клуни пристигнале со приватен авион, и тоа во друштва на Ранди Гербер и неговата сопруга Синди Крафорд, а по излегувањето од авионот, тие се упатиле со приватен автомобил кон Grand-Hotel du Cap-Ferrat во Сен Жан Кап Ферат.

61-годишниот актер за патувањето одбрал фармерки и обична црна маица, додека неговата сопруга, како и секогаш, блескала. Облечена во фустан во розова боја со еден ракав, 44-годишната Амал Клуни покажала дека и на патување може да се изгледа шик.

Фустанот го зацврстила со кафеав ремен на половината, а во истата боја биле и чантата што ја носела на рамо, како и популарните влечки „Хермес“. Насмеана и добро расположена, Амал излегла од приватниот авион со пуштена коса и со очила за сонце на лицето.

Наводно, причината за нивното доаѓање на самиот југ на Франција се крие во купувањето нови недвижнини, односно имот по цена од 7 милиони фунти, а кој се наоѓа недалеку од имотот и дворецот Миравал, во сопственост на Бред Пит.

Џорџ Клуни и Ранди Гербер се пријатели повеќе од 30 години, а заедно основале и компанија што се занимавала со производство и продажба на текила, која ја продале во 2017 година за 700 милиони долари, но и понатаму учествуваат во деловните одлуки.

На ова патување, Џорџ и Амал Клуни не ги повеле своите близнаци Ела и Александер.

Кога е модата во прашање, оваа жена никогаш не греши: 6 модни заповеди на Амал Клуни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.