Урбан изглед: Совети за беспрекорен стил од Нина Јусуфи

Модна листа

Погледнете кои се омилените комбинации на Нина за различни пригоди

Модна листа на младата дама со беспрекорен стил – Нина Јусуфи (@majchinadushica).

БЕБЕШКО СИНА ЕЛЕГАНЦИЈА

За посвечена прослава, елегантниот изглед секогаш е модерен. Мојот избор е бебешко сина бунда, со класични панталони во иста боја, комбинирани со мала уникатна чантичка. Предлагам нежна нуд-шминка и едноставна фризура со суптилен сребрен накит.

ЗИМСКИ КОНТРАСТ

Кога станува збор за дневни комбинации за прошетка или кафе, најважно ми е да се чувствувам удобно и притоа да изгледам урбано, па, така, честопати комбинирам добар дуксер, со широки фармерки boyfriend, чизмички и палто во контрастна боја за повпечатлив ефект.

МОЌНО ПАЛТО

Од омилени капути, сезонава го издвојувам моделот military. Поради големите јаки и моќниот изглед, овој капут е доволно ефективен сам по себе, па затоа најчесто го комбинирам со едноставна облека и ракавици.

ВО ЧЕКОР СО НИНА

Чизмичките што мора да ги имате оваа сезона се едноставни црни, со уникатен детаљ: потпетици со змиски дезен. Може да се комбинираат и за вечерен и за дневен изглед!

ШИК ФИНИШ

Модните додатоци се неизоставен дел од секоја модна комбинација за шик изглед. Издвојте се од толпата со црна баретка и очила за сонце со мачешка форма, во комбинација со добар часовник или кожени ракавици.

Подготвила: Марија Лукаревска

ФОТО: Приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.