УНИСЕКС: Парчиња што можете да ги позајмите од гардероберот на своето момче

Во тренд

Машки парчиња на женски начин! Звучи примамливо?! Неодоливиот изглед во неговиот блузон или кошула е доволна мотивација да го пробате сè поприсутниот тренд на носење машка гардероба. За удобноста и да не зборуваме!

ЈАКНА

Шушкавите јакни се задолжително парче оваа есен, па зошто да не изберете комотен машки модел? Носете ги со фармерки, спортски панталони со линија отстрана на ногавиците или, ако сте доволно смели, со плисирано миди-здолниште.

БЛУЗОН

Не мора да трошите многу пари и време за предимензиониран блузон. Во плакарот на вашиот партнер сигурно ќе најдете многу добри опции. Искомбинирајте го со патики и фармерки, па дури и со салонки и со црни панталони.

 

МАИЦА

Комбинирајте ја со фармерки, панталони или широки миди-здолништа. Пикната во панталони и делумно подизвлечена под сако или тексас-јакна, или во слободен пад дополнета со краток блузон или џемпер, или едноставно струкирана со ремен – машката маица убаво изгледа на секоја жена.

 

Џемпер? Вљубени сме во него! Помислете само колку чинат ваквите модели на женскиот оддел… Затоа, почестете се со машки модел за помалку пари. Плус, одлично прилега со сè што ќе ни падне на памет!

САКО

Совршен пар на омилените фармерки, но и на фустан за свечени пригоди. Сепак, најпопуларна опција оваа сезона е машки изглед сочинет од лежерно сако и широки панталони. Ако имате изразено ситна градба на телото, ви предлагаме сакото да го струкирате со ремен.

КОШУЛА

Може да се носи раскопчана или струкирана со ремен, преку маица на прерамки. Кога станува збор за комбинацијата со долните делови, буквално сè е дозволено. Подвиткани ракави се добредојдени, но нема да згрешите ни ако ги носите спуштени, со откопчано копче за манжетни.

Текст: Ѓ. Станишева

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.