Удобноста на прво место: Ни Кејт Мидлтон не им одолеа на популарните чизми!

Опуштен изглед!

Иако модните експерти најавија дека фармерките со рамни ногавици ќе ги заменат тесните фармерки, се чини дека Кејт тоа воопшто не ја интересира

Откако Меган Маркл се наметна како нова модна икона од кралскиот двор, се чини дека и Кејт Мидлтон реши да го осовремени својот моден стил, па во последно време изгледа подобро од кога било претходно.

Војвотката од Кембриџ, за време на посетата на центарот King Henry’s Walk Garden сместен во лондонски Ајслингтон, одбрала стајлинг што сите ги воодушевил.

Иако модните експерти најавија дека фармерките со рамни ногавици ќе ги заменат тесните фармерки, се чини дека Кејт тоа воопшто не ја интересира.

За оваа прилика таа одбрала опуштен стајлинг кој одлично ѝ прилега и покажала како нејзината линија е беспрекорна и по раѓањето три деца.

Згодната сопруга на принцот Вилијам со кого е во хармоничен брак од 2011 година, искомбинирала кратка јакна од ирскиот бренд „Дабари“, тесни сивозелени фармерки и војнички чизми на врзување, кои одлично се вклопиле во овој шармантен дневен изглед.

Како и секогаш, дружењето со децата предизвикало насмевка на лицето на Кејт Мидлтон, па во еден момент прокоментирала дека Џорџ и Шарлот сигурно би уживале кога би учеле на отворено.

Кејт во еден момент подготвувала тесто за пица со учениците. Несомнено уживала во тоа, шегувајќи се и зборувајќи се со учениците кои одлично се забавувале со еден од омилените членови на кралското семејство.

Неодамна, идната кралица го прославила 37-миот роденден во кругот на семејството.

„Кејт не им се радува премногу на роденденските прослави, но затоа принц Џорџ и принцезата Шарлот не можат да им одолеат, особено на роденденската торта, па така по повод нејзиниот роденден, во палатата беше организирана посебна чајанка со торта, свеќички и подароци“, открил извор близок на кралското семејство.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.