Тренди-комбинација на Јелена Розга – идеална за вертовит и студен ден (ФОТО)
Дамите ја обожаваат
Хрватската поп-пејачката Јелена Розга отсекогаш важела за модерна дама, а последниве години стекна статус и на икона на стилот. Бидејќи послабо настапува поради корона-кризата, згодната пејачка времето го поминува дома или во прошетки на свеж воздух, а елегантните фустани ги замени со полежерни парчиња облека.
View this post on Instagram
Добар џинс, патики или чизми, сако, дукс, ролка – тоа е изборот на Јелена кога излегува во прошетка или до продавница.
View this post on Instagram
Па така, нејзината последна објава ги собра сите пофалби, а станува збор за комбинација идеална за ветровитите и студени денови. Акцентот е на дебелата волнена ролка, како и на модерните црни фармерки, кои одлично се вклопуваат речиси со секој аутфит. Дали ќе изберете пократок капут, како Јелена, или подолг – зависи од тоа кој го сакате повеќе. Поиграјте си со модните додатоци, па на целата комбинација дајте ѝ кежуал-нота. Тоа може да го постигнете со избор на вистински шал, ракавици или капа, каков што е случајот со Розга.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм