Тренд број 1 за пролет 2021 година: Овој фустан е сè што ви треба!

Апсолутен моден хит

Овој фустан ќе доминира на модната сцена

Овој разигран модел мора да го има секоја дама со стил. Им стои на жени од сите генерации, а може да се носи во многу пригоди. Одлично ќе изгледа во комбинација со патики, но и со високи потпетици.

Станува збор за кошула-фустан, модел кој напролет ќе биде водечки тренд, кога станува збор за фустаните.

Манекенката Криси Тајген демонстрирала како ќе се носи овој модел. Можете да го носите како неа, на малку полежерен начин или можете да додадете ремен и така да го нагласите струкот и целата комбинација да ја направите малку поелегантна и поефектна.

Со оглед на тоа што фустаните се наједноставниот избор за одличен стајлинг, сигурни сме дека ќе станат вашето омилено парче во кое ќе се чувствувате удобно, но и модерно.

Кралицата Летиција во најпопуларната боја годинава: Оваа нијанса прави секое парче да изгледа како милион долари!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.