Топ 5: Овие бои најубаво им стојат на жените со кафена коса!

Почитувајте го златното правило

Темната коса со богати нијанси и бојата на облеката мора да бидат контрастни

Поради богатите нијанси на косата, на бринетите совршено им стојат речиси сите бои – од пастелни, па се’ до интензивни.

Се’ се врти околу едно златно правило: носете бои што создаваат контраст помеѓу косата и модните парчиња, така што и косата и облеката ќе ви дојдат до израз.

Од интензивно розова, па се’ до пастелно жолта, поради овие неверојатни бои ќе изгледате одлично, а во продолжение ви ги пренесуваме и најдобрите начини како да ги носите топ боите за бринети!

Бела и кремави нијанси

https://www.instagram.com/p/B1R0aT1gr8a/?utm_source=ig_embed

 

Неутралната палета на бои многу добро изгледа на бринетите, бидејќи нивната темна коса доаѓа до израз, а кожата им изгледа поблескаво и посвежо.

Црвена

https://www.instagram.com/p/BTqwKYMDfvE/

Ова е тајното оружје што секоја бринети вешто го чува во ракавот. Истото важи и за црвениот кармин.

Темносина

https://www.instagram.com/p/Bt9DdiHHtRj/?utm_source=ig_embed

Темносината нијанса е многу подобра варијанта за бринетите од црната, бидејќи многу темните нијанси можат помалку да го освежат целиот изглед поради косата и го прават потполно здодевен.

Розова

https://www.instagram.com/p/B1U7qr3lWLy/?utm_source=ig_embed

Силно розовата боја (покрај црвената) е нијансата што создава најсилен контраст со темната коса. Што потемна нијанса на розово тоа подобро!

Жолта

https://www.instagram.com/p/B1YDKldCICH/?utm_source=ig_embed

Жолтата е најдобра од сите нијанси што можете и треба да ги одберете за себе. Контрастот што го прави во однос на темната коса ќе изгледа апсолутно совршено на секоја бринета!

ФОТО: Pixabay, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.