Топ 4 комбинации на бои: Поради нив секој стајлинг изгледа безобразно скапо!

Ефект на луксуз

Трик што остава моден печат каде и да се појавите

Издвојуваме четири комбинации на бои поради кои модните стајлинзи секогаш изгледаат скапоцено…

1. Зелена и кафеава

https://www.instagram.com/p/BgQ6USrhsET/?utm_source=ig_embed

Според модните експерти, ефект на луксуз најдобро се постигнува со комбинирање маслинесто зелена или каки зелена боја со коњак-кафеави нијанси, и тоа така што облеката ќе биде во зелена, а модните додатоци и чевлите во кафеава боја.

2. Жолта и сина

https://www.instagram.com/p/BuCZ6q0FUpx/?utm_source=ig_embed

Премногу пастелни нијанси во едно издание честопати не даваат добар моден резултат, но не и кога се во прашање светлосината и светложолтата боја. Тајната е во контрастот меѓу топлите и ладните бои, поради што оваа комбинација на пастелни нијанси е многу пожелна.

3. Беж и бела

https://www.instagram.com/p/B71k22GBJ8Y/?utm_source=ig_embed

Обожавателките на модниот минимализам одамна и’ се верни на оваа комбинација на бои. Експериментирајте со валкано бела нијанса наместо класична бела или, пак, и двете комбинирајте ги со беж парчиња.

4. Црвена и розова

https://www.instagram.com/p/B6G7PL_g6fn/?utm_source=ig_embed

Некогашната табу комбинација денес е една од омилените меѓу трендсетерките, кои знаат дека со вистинска изведба, може да изгледа неверојатно шик. Експертите советуваат комбинирање на придушени и длабоки нијанси, но најхрабрите љубителки на модата посегнуваат и по останатите нијанси на овие богати розови и црвени тонови.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.