Тоа го може само Џенифер Лопез: Ѕвездата воодушеви со модната комбинација (ФОТО)
Премиера во Тел Авив
Џенифер Лопез (50) вечерва ќе одржи голем концерт во Тел Авив, а денешниот ден го поминува во разгледување на знаменитостите на престолнината на Израел во друштво на својот свршеник Алекс Родригез.
За таа пригода, популарната пејачка и актерка избра смела комбинација, која одлично и’ прилега.
Облечена во свилен комплет со животински принт, кој многумина го споредија со пижами, комбиниран со патики, Џеј Ло ги сврте сите погледи кон неа.