Тајните на францускиот стил од прва рака: Јелена Карлеуша (ФОТО)

За префинета дама со вкус

Јелена Карлеуша повторно им зададе домашна задача на своите колешки, овој пат доближувајќи се до францускиот моден израз.

Фустанот со макси-должина, кој предизвикувачки ѝ „паѓа“ од рамениците и ја истакнува нејзината тенка половина, совршено се вклопил со кадриците во нејзината коса, кои ги краси француска капа.

Земајќи предвид дека поп-пејачката често изненадува со провокативни изданија, овој „класичен изглед“ дефинитивно го „освежи“ нејзиното портфолио на модни избори.

Едноставноста и елеганцијата се главни одлики на францускиот стил. Дамите со стил избираат класични парчиња облека, а едно од основните модни правила на Французинките е да не се претерува со накит и модни додатоци. А ако сакате заводлив шик – пругите се задолжителни!

Како изгледа Јелена Карлеуша во овој несекојдневен стил за неа, погледнете на следната страница….

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.