Таа е најубавата и најдобро облечената принцеза во Европа: Го запознала принцот на 14 години и го освоила модниот свет!

Алесандра де Осма

Кога ќе се споменат модно супериорните принцези и кралица, секогаш се слушаат само две-три имиња: Кејт, Летиција, Меган. Вистинските ѕвезди остануваат анонимни за пошироката јавност, а тоа е случајот и со, според нас, најубавата и најдобро облечената европска принцеза

Алесандра де Осма е сопруга на принцот Кристијан од Хановер, кого го запознала кога имала 14 години, а минатата година родила близнаци.

Принцезата Алесандра живее повлечено и не сака да се експонира во јавност. Родена е во Перу. Татко ѝ се занимавал со финансии, а мајка ѝ била моделка.

Својот иден сопруг де Осма го запознала кога имала само 14 години во 2005 година, и тоа кога принцот Кристијан бил во посета на Перу, а таа му била туристички водич. Врската ја започнале шест години подоцна, но останале во контакт дотогаш.

Пред официјално да станат двојка, Алесандра работела како модел и тоа за брендовите Bottega Veneta, Missoni и Pepsi, а на универзитетот во Наваро дипломирала моден бизнис и менаџмент.

Таа и принцот живееле неколку години во Мадрид, а се свршиле во 2017 година и се венчале истата година во Лондон. Вистинската краслак прослава била одржана неколку месеци подоцна во Перу. Тогаш невестата носела феноменална венчаница, со потпис на шпанскиот дизајнер Хорхе Васкез, а на главата имала тијара што претходно ја носела маќеата на младоженецот, принцезата Каролина од Монако.

Модниот стил на Алесандра де Осма со години претставува совршен спој на елеганција со доза ефектни латино-детали, а со оглед на тоа што и самата во меѓувреме влегла во дизајнерските води, нејзините комбинации често се појавуваат во водечки модни магазини. Со пријателка креира колекција на чанти, а брендот им се вика Moi & Sass.

Алесандра денес има 33 години и во 2020 година ги родила близнаците Николас и Софија, но заедно со сопругот принцот Кристијан, успеала деталите за нивното раѓање да ги задржи во тајност.

„Мојот живот сега се врти околу нив. Многу повеќе време поминувам дома за разлика од претходно, за да уживам во секоја секунда со нив“, рекла неколку месеци по породувањето.

Во продолжение погледнете некои од нејзините најуспешни модни комбинации…

Сите нијанси на сина: Кејт Мидлтон не престанува да воодушевува со својот стил!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.