Стилски трикови за издолжување на фигурата: Никогаш повеќе нема да изгледате заоблено и подуено!

Погледнете

Август започна и летото е во полн ек, што ја задава дилемата што да облечеме за да бидеме шик, а притоа да ги испочитуваме трендовите

Во морето трикови што ѝ ласкаат на фигурата, се издвојуваат оние што се однесуваат на нејзиното издолжување. Па така, еден од советите гласи да носите панталони со висок струк, а доколку сакате да ги покриете малку пополните бутови, одбирајте килоти или модели со долги ногавици.

И не заборавајте маицата или кошулата задолжително да ја ставите внатре во панталони пред да излезете од дома, бидејќи само така ќе го постигнете посакуваниот ефект.

Потоа, кога купувате обувки, вашиот прв избор нека бидат високите потпетици, а нема да погрешите ни со рамни кои имаат шпиц.

Како што можете да претпоставите, вертикалните линии се полн погодок, а откриените глуждови исто така играат важна улога во визуелното издолжување на фигурата.

Во продолжение ви ги претставуваме годинешните пример за улична мода и уште некои стилски трикови како да ја издолжите фигурата…

1. Потпетици

https://www.instagram.com/p/B74SwtSh6Xr/?utm_source=ig_embed

Иако овој трик е добро познат, вреди да се повтори. Тие ја прават силуетата поиздолжена и повита. Доколку трагате по удобност, најдобро е да одберте обувки со правоаголна пета или со платформа.

2. Панталони со висок струк

https://www.instagram.com/p/B4srbB7BXzs/?utm_source=ig_embed

Овој трик веќе го спомнавме, па нема што да се додаде освен дека значително го нагласуваат струкот.

3. Вертикални линии

https://www.instagram.com/p/CDOu-bdFK-p/?utm_source=ig_embed

Повторно станува збор за познат трик, со кој се постигнува одличен ефект.

4. Влечки

https://www.instagram.com/p/CCwGtuvlhDf/?utm_source=ig_embed

Овде треба да обрнете внимание на моделот, поточно, да одберете такви со затворени прсти.

5. Кошула или блуза внатре во панталони

https://www.instagram.com/p/CCoPdK6hASo/?utm_source=ig_embed

Доколку сакате да ја издолжите фигурата, да го нагласите струкот и нозете, применете го овој совет. На фотографијата можете да видите дека е применлив и на кратки здолништа.

6. Кратка маичка

https://www.instagram.com/p/CAlMYE2hOpv/?utm_source=ig_embed

Овој трик е наменет за храбри дами. Се постигнува сличен резултат како и кај останатите трикови, а одлично решение е за жешките денови.

7. Шпицести обувки

https://www.instagram.com/p/B_cYIIwhZ-J/?utm_source=ig_embed

Можете да се одлучите за рамни или за модели на потпетица, а за дополнителен ефект, искомбинирајте ги обувките со кошула или со блуза со V-изрез.

8. Панталони со широки ногавици

https://www.instagram.com/p/CDRwnOVlqRv/?utm_source=ig_embed

Овој совет е неизоставен дел од оваа листа, бидејќи се постигнува одличен резултат и ја прикрива вистинската должина на нозете. Неретко се носат и модели што го допираат подот, како на фотографијата, што дополнително го зголемува ефектот.

9. Црни панталони

https://www.instagram.com/p/CBVyJDCByH9/?utm_source=ig_embed

Не можете да згрешите со црна боја! Облечете широки панталони и бела кошула за изглед како за насловна страница.

10. Откриени глуждови

https://www.instagram.com/p/CCBy0oQh6T6/?utm_source=ig_embed

Овој трик прави чуда за силуетата, а во тоа можете да се уверите и самите.

5 стилски техники што визуелно ги кријат вишокот килограми: Не мора да носите темни бои!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.