Стилот на штедливата Кејт Мидлтон: Цветен фустан и чевли од кои не се одвојува веќе четврто лето!

Полн погодок

Сите сакаат да ја копираат Мидлтон

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, вчера ја посетила прекрасната градина на Кралската заедница на хортикултура во англиското село Висли, за да го отвори фестивалот со име „Враќање во природата“.

Дел од градината уредила и таа самата, а на отворањето одржала инспиративен говор.

https://www.instagram.com/p/B2PNmKqHjIz/

„Не сум толку вешта во градинарството како многу од вас присутните, но со голема страст ја создадов градината која ќе ги инспирира децата и возрасните да се вратат во природата“, изјавила Кејт.

https://www.instagram.com/p/B2TTyYznVQw/

Војвотката за оваа прилика се облекла токму во склад со локацијата. Носела едноставен памучен фустан со А-крој, цветен дезен и ремен што го нагласил нејзиниот исклучително тенок струк и тенка фигура.

Кога станува збор за обувките, Кејт повторно го испочитувала своето непишано правило. Салонките ги оставила во плакарот, а наместо нив го обула својот омилен модел – беж чевли на платформа, кои ги носи веќе четврто лето.

https://www.instagram.com/p/B2TTvO4HAsB/

Првпат во јавност ги носела на кралската турнеја во Индија, во април 2016 година.

И покрај неодобрувањето на кралицата Елизабета, која инсистира членките на кралското семејство да носат исклучително елегантни модели на обувки, војвотката по којзнае кој пат ја одбрала удобноста и заедно со децата поминала еден прекрасен ден во градината полна со раскошни цвеќиња.

https://www.instagram.com/p/B2TTHNintLm/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.