Стајлингот на Пенелопе Круз е за чиста десетка: Овој модел на фармерки ги издолжува нозете

Лежерна комбинација

Занесната актерка привлекла големо внимание со својата спортско-елегантна комбинација

Пенелопе Круз (45) е една од многуте познати дами кои се прошетаа на црвениот тепих на 76-тиот филмски фестивал во Венеција.

Потоа, прекрасната шпанска актерка не поминала незабележано на прошетката низ италијанскиот град на вода.

https://www.instagram.com/p/B195Q5aDm6Z/

Имено, папараците ја фотографирале во лежерно издание што се состоело од фармерки и кратко црвено сако со дупло закопчување, под кое ѕиркала црна маица.

Комбинацијата ја заокружила со двобојна чантичка од модната куќа „Шанел“ направена од прошиена кожа и со црни апостолки со дебел ѓон.

https://www.instagram.com/p/B1913tzIARh/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.