Стајлингот на Кејт Мидлтон е без грешка: Оваа комбинација на бои е полн погодок!
За чиста десетка!
Не сме навикнати да ја гледаме Кејт во вакви комбинации
Кејт Мидлтон најчесто одбира модни комбинации во понеутрални бои и не отстапува од строгите стандарди што и’ ги наметнува нејзината титула.
Овој пат е фотографирана во малку поинакво издание, а со стајлингот ги воодушевила сите. Критичарите го оцениле нејзиниот избор со чиста десетка. Ако ги прашате модните експерти, овие две бои ја сочинуваат добитната комбинација есенва!
https://www.instagram.com/p/B4xMV_sHAcW/
Бордото и сивата боја изгледаат одлично кога ќе се најдат една до друга.
https://www.instagram.com/p/B4zLKcRFqif/
Изгледа дека и на нејзините обожаватели им се допаднал овој малку поведар стајлинг, па пристигнувале само пофалби на нејзина сметка. Со оглед на тоа што речиси секогаш носи строга, формална гардероба, оваа полежерна комбинација е добредојдена!