Стајлингот на Анастасија Ражнатовиќ е за чиста десетка: Ќерката на Цеца го прошетала најмодерниот модел за претстојната сезона

Моден хит оваа пролет

Фото: ATA IMAGES

Овој модел на фармерки е задолжителен оваа пролет, а нејзе ѝ стојат совршено

Анастасија Ражнатовиќ важи за една од најдобро облечените јавни личности. Иако има само 22 години, пејачката и ќерка на фолк-дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ стана синоним за добар вкус, а нејзините стајлинзи се коментираат и копираат.

Како и повеќето млади, така и Анастасија е прилично активна на социјалната мрежа Инстаграм, каде што секојдневно објавува свои фотографии и ги воодушевува своите бројни следбеници со модните комбинации.

ФОТО: Instagram/printscreen

Ќерката на познатата пејачка стана препознатлива по единствениот моден вкус и доброто око за детали, па така и овој пат одлучила моменталниот тренд на ѕвонести панталони да го приспособи на својот личен стил и сензибилитет.

ФОТО: Instagram/Printscreen

Црното сако и црната класична маица ги комбинирала со трендовски фармерки кои оваа модна сезона се тренд број еден. Имено, станува збор за фармерки со широки ногавици, кои таа одлучила да ги скрати малку така што ги подвиткала на дното. На тој начин придонела чевлите во атрактивната виолетова боја уште повеќе да дојдат до израз во овој стајлинг кој е за чиста десетка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.