Стајлинг за успех на работното место

Совети

Изберете кежуал-облека, која не открива големи површини на телото, ниту пак истакнува одредени делови (гради, задник, нозе).

Немојте… да се облечете во ист стил од глава до петици Односно, немојте да претерувате со деталите, бидејќи ако вашата облека личи на костим (театарски, филмски, бапски), никој нема да ве сфати сериозно. За изразување на стилот што го претпочитате, на пример стилот на 50-тите, изберете само еден детаљ што го изразува духот на тоа време (широко здолниште).

Немојте… премногу да ги истакнувате облините Изгледот на секси-секретарка може да се види таму каде што се гледаше и досега – во филмовите. Тесната облека е резервирана за слободното време и за посебни пригоди. Во спротивно, ризикувате да го вознемирите или да го навредите шефот и да предизвикате непријатни коментари. Изберете комотна гардероба, која не истакнува одредени делови на телото (гради, задник или нозе).

Немојте… да носите премногу брендирана гардероба и детали

Етикета на блуза, на панталони, на сако, марама од познат дизајнер, очила за сонце, брендирана чанта или обувки… Сето ова може да изгледа провокативно во деловно опкружување, а колегите би можеле да помислат дека сте материјалист и сноб.

Носете само едно брендирано парче облека или моден детаљ.

Текст: М. Медичи

Фото: Instagram

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.