Стајлинг што поминува само на улиците на Њујорк: Ирина Шајк ја прошета својата ќерка во пижами

Фото: Getty Images

Руската манекенка е вистинска „мајсторка“ за автентични комбинации облека.

Руската манекенка Ирина Шајк во понеделникот беше фотографирана како шета низ Менхетен со својата прекрасна четиригодишна ќерка Леа Де Сен.

Триесет и петгодишната манекенка носеше комбинација која изгледа како да излегла во тоа што спиела.

Имено, свилената црна блуза со копчиња целосно го имитира кројот на пижами, а соодветните панталони во ист тон само го комплетираа целиот впечаток.

profimedia-0637727239.jpgСпротивно на тоа, ќерката на Бредли Купер и манекенката, Леа, носеше бел фустан со тул и црн џемпер, хулахопки и чевли.

Дека тоа е сепак урбана комбинација, Ирина покажа со изборот на класичен капут Барбери, и модерна чанта со златен синџир и сабо што полека се етаблираа како еден од трендовите во одделот за обувки.

profimedia-0637727245.jpg

Фото: Profimedia, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.