Стајлинг без мана: Моника Белучи објаснила како добро стилизираната жена треба да изгледа во 50-те!

Полн погодок

Белучи ги знае сите правила на добриот стил

Никој не останува имун на нејзината неверојатна убавина, а она што привлекува големо внимание кај јавноста се, секако, и нејзините модни комбинации кои секогаш се за чиста десетка.

Моника Белучи (55) овој пат се појавила во долг бордо фустан и предизвикала само позитивни реакции. Таа присуствувала на премиерата на документарниот филм за познатата креаторска двојка Стефан Габана и Доменико Долче, која се одржала на Сицилија.

https://www.instagram.com/p/CC3iXxunzaS/

Фановите и модните критичари ни овој пат не биле разочарани, па ја наградиле со највисока оценка. Овој модел е вистински спој на елеганција и гламур, а на совршен начин ги нагласува занесните облини.

„Многу софистицирано и во согласност со нејзините години“, гласел еден коментар.

„Жените во 50-те дефинитивно би требало да бараат инспирација за облекување од нејзините стајлинзи.“

https://www.instagram.com/p/CC0V5V4Hiox/

Моника гордо го прошетала заводливиот фустан, но и новата фризура за која исто така сите имале само пофални зборови.

Дали ви се допаѓа овој стајлинг?

Новата фризура на Моника Белучи е апсолутен хит: Со оваа должина и боја, секоја жена изгледа најмалку 10 години помлада!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.