Совршено парче за девојките со мали гради: Мила Кунис прошетала во ова издание!

Може да се носи без градник!

Сопругата на Ештон Качер облекла едноставна модна комбинација

Мила Кунис (35) се појавила на премиерата на анимираниот филм „Wonder Park“ во Лос Анџелес во едноставна шик комбинација.

За црвениот тепих одбрала црни панталони со „цевка“ крој и должина до глуждови, а ги искомбинирала со кратка маичка со тенки прерамки во нежно розова боја. Комбинацијата ја заокружила со црни лакирани салонки на потпетица.

Маичката е споена со сребрени копчиња на предната страна, а овој модел особено им ласка на жените со мали гради, бидејќи под него не мора да се носи градник.

Актерката одбрала и децентен накит за оваа модна комбинација, сребрени обетки и тенки белезици.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.