Совршено ги нагласува женските атрибути и ги крие сите недостатоци: Секоја жена со стил мора да го има овој модел на фустан!

Аманда Холден

Британската водителка Аманда Холден ужива во модните експерименти и со задоволство носи впечатливи и храбри модни комбинации

Цвеќето отсекогаш било симбол на пролетта, како во природата, така и во модниот свет. Можеби цветниот дезен не е најоригиналниот пролетен тренд, но со сигурност е најдолговечниот и со него не можете да погрешите. Овој ефектен дезен веднаш го подига на повисоко ниво и наједноставниот стајлинг, па затоа цветниот фустан мора да го најде своето место во вашиот плакар.

Со доаѓањето на топлите денови, Аманда Холден облекла разигран цветен фустан, идеален за пролетните месеци кои подготвено чекаат зад аголот. Русокосата Британка редовно привлекува погледи на лондонските улици, а сигурни сме дека заработила еден куп комплименти на сметка на овој весел стајлинг.

Холден се одлучила за миди-фустан со асиметричен крој и ситен цветен дезен во пастелни тонови со потпис на дизајнерката Melisse Odabash што го искомбинирала со нежен виолетов капут, розова чанта и нуд сандали на висока потпетица.

Уште една причина зошто треба да одберете сличен фустан е тоа што фустаните на преклоп ѝ ласкаат на сечија фигура. Овој модел на фустан денес важи за безвременски класик и симбол за елеганција, а жените ширум светот ја обожаваат затоа што совршено ги нагласува женските атрибути и успешно ги крие недостатоците.

Овој фустан одлично ќе ви стои, дури и ако сте качиле по некој килограм вишок, поради што не ни изненадува големиот интерес на модните купувачи за него.

Тренд број 1 за пролет 2021 година: Овој фустан е сè што ви треба!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.