Совршена стилска игра на Шарлиз Терон: Привлечно плишено здолниште што жените го одбегнуваат!

Модерно

Јужноафриканската актерка се појавила на виолетовиот тепих во елегантно издание

Шарлиз Терон (44) се појавила на премиерата на анимираниот филм „Семејството Адамс“ во Лос Анџелес во интересно и поинакво издание.

Убавата актерка облекла долго модерно здолниште од плиш на модната куќа „Диор“ со ремен околу него и го искомбинирала со елегантна светлосина кошула.

https://www.instagram.com/p/B3V9BYmn_Yz/

Стајлингот го заокружила со рамни црни чевли со шпиц, додека од модни детали имала ситни обетки, покрупни прстени и тенки синџирчиња.

https://www.instagram.com/p/B3Wz-HHnlrF/

Она што е исто така необично кај оваа комбинација на јужноафриканската актерка е кожената полуракавица на левата рака.

Што се однесува до шминката, Шарлиз ги акцентирала усните, односно одбрала црвен кармин, додека остатокот од шминката бил нежен.

https://www.instagram.com/p/B3Vks0GnSJ3/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.