Совршен пролетен стајлинг: Ријана ги воодушевила модните критичари во комбинација на двете најубави пастелни бои

Погледнете

Бебешко сината и розовата боја во совршена хармонија

Почетокот на пролетната сезона, Ријана сакала да го прослави со модерен стајлинг и се погрижила на креативен начин да комбинира две врвни пастелни бои: сина и розова.

Познатата пејачка била забележана на вечерно излегување. Таа го посетила својот омилен ресторан во Лос Анџелес. За излегувањето одбрала панталони и кратка маичка во бебешко сина боја, која ја искомбинирала со прекрасен кариран винтиџ капут од брендот „Шанел“ во нијанси на розова и сина. Стајлингот го дополнила со кожени чевли на Amina Muaddi, кожена чанта и старински ѓердан со сини бисери од колекцијата на Диор од 1990 година.

Во стајлингот на Ријана, пастелните бои носат пролетни вибрации, додека изборот на обувки совршено ја надополнува удобната комбинација. Лежерниот стајлинг изгледал многу шик благодарение на винтиџ парчињата.

Доколку сакате да изгледате како Ријана, не плашете се своите омилени лежерни комплети да ги комбинирате со лесни пролетни капути и високи потпетици.

Ријана во потпетици и необична јакна: Дали имаме нов тренд на повидок?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.