Совршен есенски стајлинг: Кејт Мидлтон во црвен капут – едноставно а отмено издание!

Беспрекорна комбинација

Едноставна а впечатлива модна комбинација на војвотката од Кембриџ

Кејт Мидлтон (38) и принц Вилијам (38) се појавиле во болницата Свети Бартоломеј во Лондон, по повод кампањата Hold Still, која ја покренала војвотката од Кембриџ за време на карантинот во соработка со National Portrait Gallery чија покровителка е токму таа.

Кејт учествувала во одбирањето финалисти на дигиталната изложба на фотографии, а за оваа пригода одбрала долг црвен капут со потпис на омилената модна куќа „Александар Меквин“.

https://www.instagram.com/p/CGkxuOkH823/

Станува збор за отмен структуриран модел кој има четири копчиња распоредени во два реда.

Под капутот, Кејт облекла бела маичка, а од обувки изборот паднал на класични црни шпицести салонки со подебела потпетица, кои војвотката од Кембриџ со задоволство ги носи.

https://www.instagram.com/p/CGkm5x2nlVX/

Стајлингот го заокружила со црна чантичка, како и со платнена заштитна маска.

Вака се облекува идната кралица: Кејт Мидлтон во фустан со кралска боја!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.