Со причина ја носи титулата кралица на стилот: Уште еден одличен стајлинг на Меланија Трамп!

Феноменална комбинација

Јасно е зошто целиот свет му се восхитува на нејзиниот стил

Меланија Трамп (50) е миленичка на модните критичари и тоа со причина. Последниот стајлинг ја оправдал титулата кралица на стилот што ја носи.

Таа за појавувањето пред Белата куќа одбрала многу женствена и класична комбинација. Врз тесниот црн фустан облекла капут од твид, кој ја следи линијата на нејзиното тело и ги нагласува неговите најубави атрибути.

Капутите, особено оваа есен, се во тренд, а малку жена успеаја да им одолеат. Овој модел е полн погодок, бидејќи освен што грее, совршено ѝ прилега на секоја жена. Во него, сите можат да изгледаат вито и убаво.

Нема дилема дека ова е многу атрактивен модел, но она што повеќе се коментирало е неговата цена. За оваа креација, првата дама издвоила дури 2.000 евра.

И овој пат не се откажала од високите потпетици. Црните чевли со бели детали совршено ја надополниле оваа комбинација.

Не потфрлила ни што се однесува до шминката и фризурата. Како и секогаш, бреспрекорно стилизираните бранови го истакнале нејзиното лице. Првата дама не го криела доброто расположение, па не ја симнувала насмевката од лицето цел ден.

Дали и вам ви се допаѓа ова модно издание на Меланија Трамп?

Деловна комбинација во нежни тонови: Одличен стајлинг за во канцеларија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.