Со овие 10 парчиња секогаш ќе изгледате како да имате милиони на сметка: Најдобро облечените жени ги знаат овие трикови!
Погледнете
Дознајте како да создадете совршен изглед
Создавањето пролетна капсулна колекција може да биде особено незгодна. Како прво, времето постојано се менува – повеќе нема потреба од топол зимски капут, но студот, особено оној во приквечерината, и понатаму изискува потопла облека, барем кога станува збор за капути и јакни.
Капутите за преодниот период, како што се тренч-мантилите и кожните јакни, повторно се одговорот на комплицираното прашање: „Што ќе облечам денес“. Тие се еднакво важни и базични парчиња што лесно може да се комбинираат на повеќе начини.
Пролетната гардероба, исто така, остава простор за неодоливи трендовски парчиња, а периодов сите полудеа по здолништето од џинс.
Исто така, основа на пролетната гардероба се и хеланките во стил на панталони – стилизирајте ги со кое било од гореспоменатите парчиња и очекувајте еден куп комплименти во канцеларијата, но и надвор од неа. Практичниот дневен фустан, како кошулата, сè уште е совршено парче. Комбинирајте го со чизми до колена за вечерни излегувања или со модерни патики за дневен изглед.
Осмислувањето на пролетната тренди-гардероба никогаш не било полесно, ниту поелегантно – ова се 10-те основни парчиња што мора да ги имате во вашиот плакар:
Традиционален тренч-мантил
View this post on Instagram
Хеланки панталони
View this post on Instagram
Тексас-здолниште
View this post on Instagram
Тенка пердувеста јакна
View this post on Instagram
Кошула-фустан
View this post on Instagram
Алтернативна кожна јакна
View this post on Instagram
Тенки џемпери во боја
View this post on Instagram
Блејзер во земјени тонови
View this post on Instagram
Минималистички ретро-патики
View this post on Instagram
Уникатна чанта
View this post on Instagram
Коментарите се заклучени.