Смело издание на првата дама: Не престанува да се зборува за овој фустан на Меланија Трамп!

Полн погодок!

И овој пат била беспрекорно стилизирана

Последниве неколку месеци навикнавме да ја гледаме Меланија Трамп во комбинации во темни бои, па овој стајлинг е вистинско освежување.

Таа за свеченото отворање на изложба на млади уметници одбрала бел фустан со впечатлив портокалов дезен. Стајлингот го надополнила со салонки на вртоглави потпетици, исто така во портокалова боја. Светли нијанси одлично ѝ стојат и ги нагласуваат најубавите црти на нејзиното лице, едногласни се критичарите.

https://www.instagram.com/p/CEThZ_MAWbD/

Одамна некој стајлинг не предизвикал толку голема реакција како овој. На социјалните мрежи можеле да се прочитаат, меѓу кои и овој:

https://www.instagram.com/p/CESd1jwg0FD/

„Во посветли бои просто блеска, би требало почесто да се облекува вака“

„Добриот избор на бои навистина може да ја подмлади жената“, додал уште еден корисник на Инстаграм.

Модните експерти исто така воодушевено го дочекале ова издание на првата дама и го оцениле со чиста десетка.

Комбинација што заслужува чиста десетка: Меланија Трамп ги засенила сите присутни со својот стајлинг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.