Сите занемеа кога се појави: Деми Мур во најнеобичното издание на годината – за неа зборува целиот свет (ФОТО)

Актерката Деми Мур уште еднаш ги привлече сите погледи на 79. издание на Кански филмски фестивал, овојпат појавувајќи се на премиерата на филмот „Фројд“.

Додека многумина очекуваа уште една гламурозна тоалета, славната актерка ги изненади присутните со сосема поинаков моден избор, кој веднаш се издвои како едно од најнеобичните изданија на фестивалот годинава.

Црна елеганција

Наместо класична вечерна тоалета, Деми Мур се одлучи за елегантни црни панталони кроени по мерка, комбинирани со несекојдневно горно парче. Станува збор за асиметрична, впечатлива блуза со текстура што потсетува на современа верзија на пончо.

Со големи впечатливи очила за сонце и ефектен чокер околу вратот, целиот изглед доби дополнителна доза драматичност и софистицираност. Бидејќи панталоните ретко се гледаат на црвениот тепих во Кан, нејзиниот стајлинг делуваше уште похрабро и пооригинално.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Style Magazine (@stylemagazineitalia)

Неочекувано модно издание

По низата елегантни и смели модни комбинации што ги претстави изминативе денови, ова издание беше целосно неочекувано дури и за нејзините најголеми обожаватели.

Посебно внимание привлече и самата креација што ја носеше. Необичниот топ со потпис на Gucci првпат беше претставен само неколку дена претходно на ревија во Њујорк. На модната писта тогаш го носеше Mariacarla Boscono за време на претставувањето на „Demna Resort“ колекцијата за 2027 година.

Само два дена подоцна, истото модно парче се најде и на славната актерка за време на премиерата на филмот во Кан.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе