Сите нијанси на сина: Кејт Мидлтон не престанува да воодушевува со својот стил!

Како ви се допаѓа?

Вистинската жена на вистинската позиција!

Војвотката од Кембриџ се појавила на отворањето на две нови галерии во воениот музеј во среда. Кејт Мидлтон официјално ги отворила The Second World War Galleries и The Holocaust Galleries.

Прекрасната војвотка направиле две фотографии на кои се прикажани луѓе кои го преживеале холокаустот и нивните внучиња. Минатата година биле 75 години од завршувањето на Холокаустот.

Кејт Мидлтон за оваа пригода облекла интересна комбинација. Блуза инспирирана од морнарскиот стил, кобалт-син капут, тегет панталони и тегет салонки од превртена кожа.

Капутот со интересен детаљ во форма на црвен цвет го украл вниманието, а Кејт ја фенирала косата во свој стил – благи бранови, шминката како и секогаш била умерена, а војвотката која е позната по дијамантскиот накит, овој пат ставила прекрасни висечки обетки со сафир.

Кејт се заблагодарила на гостопримството и за тоа што галеријата ги изложила и нејзините две фотографии.

Познато е дека војвотката се занимава со фотографија и дека повеќето фотографии што ги знае јавноста ги направила токму таа.

Како ви се допаѓа ова издание на убавата Кејт?

Не е поради бременоста: Oткриено ЗОШТО Кејт Мидлтон никогаш не ги лакира ноктите!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.