Сите гледаа во нејзините гради: Кејт Мос засени со црниот фустан на ревијата на YSL

Светска мода

Во текот на модната недела во Париз луксузниот бренд Yves Saint Laurent ја претстави новата колекција за пролет/лето 2023 година, а ревијата е одржана под Ајфеловата кула, под ѕвездено небо. Овој спектакл од првиот ред го следеа и бројни познати дами – Кејт Мос, Ања Рубик, Ана Дело Русо, Роузи Хантингтон – Вајтли, Хејли Бибер..

Вниманието најмногу го привлече Кејт Мос, појавувајќи се во елегантнo, едноставнo, а сепак неверојатно ефектно издание, кои многумина ги остави без здив.

Прославената манекенка е позната по класичните модни парчиња, па и овој пат се определи за нешто класично од женскиот гардеробер, односно мал црн фустан.

Кејт заблеска во припиениот фустан со долги ракави од растеглив материјал и со набори на двете страни, а на оваа тоалета која асоцира на 1990-тите се потпишува YSL и неговата цена е околу 2.000 евра.

Убавата 48-годишна манекенка ни покажа и дека овој фустан не мора да биде досаден, всушност спротивното, со внимателно одбраните додатоци ова може да биде многу креативен, ефектен избор.

Кејт Мос целиот изглед го надополни со богато, вештачко крзно во црна боја, со впечатлив накит во златна боја и убави сандали со ремчиња. Таа изгледот го зачини со црвен кармин, заводлива шминка и залижан кок.

Посебен секси-печат донесе нејзината одлука да не носи градник, па така брадавиците многу јасно се гледаа низ тенката ткаенина. Без обзир на овој предизвикувачки детаљ, изданието на Кејт нам многу ни се допадна, а што велите вие?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.