Иако сите очекуваа Џенифер Лопез повторно да биде најголемата ѕвезда на вечерта, вниманието на фотографите овојпат го привлече личност која ретко се наоѓа во центарот на јавноста – нејзината помлада сестра Линда Лопез.
Во пресрет на својот 57. роденден, кој ќе го прослави на 24 јули, светската музичка и филмска ѕвезда веќе започна со роденденските свечености во Париз. При излегувањето од еден од најелитните ресторани во француската престолнина, Џеј Ло беше опкружена со блиски луѓе, но токму Линда успеа да стане главна тема на модните коментари.
Додека Џенифер избра впечатлив проѕирен фустан украсен со светкави детали, дополнет со бело крзнено палто со пердуви, нејзината сестра се одлучи за елегантен црн модел кој совршено ја истакна фигурата. Долгиот фустан со висок шлиц, смели отвори и длабоко деколте предизвика бројни позитивни реакции, а многумина оценија дека токму Линда била најелегантната дама на вечерта.
View this post on Instagram
За разлика од својата славна сестра, 55-годишната Линда Лопез ретко се појавува на настани од ваков тип. Таа со години гради успешна кариера како телевизиска новинарка, водителка и авторка, па најчесто избира дискретен јавен настап. Токму затоа нејзиното модно издание во Париз предизвика уште поголемо внимание.
View this post on Instagram
И покрај тоа што секоја од нив изгради сосема различен професионален пат, сестрите Лопез важат за едни од најблиските во светот на шоу-бизнисот. Џенифер во повеќе интервјуа нагласила дека Линда и постарата сестра Лесли се нејзините најголеми животни потпори и најискрени пријателки.
Нивната блискост е добро позната уште со години. Во еден период двете сестри истовремено минуваа низ бременост, а денес се посветени мајки кои, и покрај професионалните обврски, редовно наоѓаат време една за друга.
Линда, пак, никогаш не криела дека славата на Џенифер понекогаш ѝ изгледа надреално.
За светот таа е мегапопуларна ѕвезда, но за мене секогаш ќе остане мојата сестра“, изјавила таа во едно интервју, додавајќи низ смеа дека дома Џенифер отсекогаш била сосема обична девојка.
Пред роденденската вечера, сестрите заедно присуствуваа и на ревија во рамките на Париската модна недела. И таму повторно привлекоа внимание со беспрекорно стилизирани комбинации – Џенифер во впечатлив проѕирен бел фустан, а Линда во елегантен бел модел со нагласено деколте.
View this post on Instagram
Очигледно е дека модниот вкус е заедничка карактеристика на сестрите Лопез, но овојпат многумина сметаат дека токму Линда, иако навикната да биде далеку од рефлекторите, успеала да ја освои вечерта со својата софистицирана елеганција.
Фото: Инстаграм